Admir Fazlagic
12 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
СКОПЈЕ
Претседателот на Исламската заедница на Република Северна Македонија, Шаќир Фетаху, упати честитка по повод муслиманскиот месец на постот Рамазан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Утре е првиот ден на светиот месец Рамазан, ден на кој започнува светата обврска, а тоа е постот. Месецот Рамазан ни доаѓа со бројни вредности и благослови, со кои ја формираме и возвишуваме нашата личност на достоен верник. Објавата на Светиот Куран во овој месец, како и постот во неговите денови заради Семоќниот Алах, ја зајакнува нашата свесност за Бога, моралот, трпеливоста, жртвеноста, мирот, толеранцијата и хуманизмот. Сето ова ги отвора вратите на нашите молитви кон величие на Бога, да ги исчистиме нашите мисла, нашите срца и души и конечно да заслужиме прошка и помош од Семоќниот Бог, бидејќи нашиот сакан Мухамед а.с. има речено: „Кој со полна вера и висока свест го пости месецот Рамазан, Семоќниот Алах му ги простува сите претходните гревови“, се вели во пораката на Фетаху со која го честита месецот на постот.
„Значи, од ова разбираме дека месецот Рамазан ни нуди светен амбиент, кој треба да се користи во непоколеблива врска со нашиот Творец, со мир со сите, со дарежливост и солидарност со сиромашните, со блискост едни со други“, истакнува Фетаху и додава:
„Овој Рамазан исто така пак нè наоѓа во вонредна состојба поради пандемијата на Ковид-19, така што нашето високо ниво на грижа и прецизна дисциплина да ги почитуваме сите мерки со цел да се заштитиме од оваа болест, ќе бидат наша вредност во овој месец, со што ќе дадеме придонес за надминување на оваа состојба, затоа, нека овој месец биде жива инспирација за подигнување на нашата свест за излегување од оваа тешка здравствена состојба.“
Рамазан, месецот на постот кај муслиманите, оваа година почнува на 13 април.