Mehmet Yavaş
13 Јануари 2017•Ажурирај: 14 Јануари 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Жандармеријата од Турција фати 19 илегални мигранти кои се обидувале да преминат од турска територија, на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од локалната станица на жандармеријата се вели дека жандармеријата добила дојава дека во еден хотел во селото Бахрамкале престојуваат илегални мигранти.
Екипите што излегоа на местото на настанот пронајдоа 19 илегални мигранти од Сирија, Ирак и од Авганистан, меѓу кои и жени.
Мигрантите се однесени во станицата на жандармеријата, по што се испорачани во Центарот за враќање на илегалните мигранти во Ајваџилик.