Ali Kemal Akan
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку шест членови на исто семејство загинаа откако еден од нив застана на експлозивна направа во куќа, која претходно ја минирале терористите на ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ПЈД/ПКК продолжуваат да се служат со брутални методи за да ги спречат цивилите да го напуштат Африн.
Жителите на околните села на Африн кои принудно се преместени во центарот на градот, се обидуваат да се вратат во своите домови. Но, при враќањето дома се изложени на разни замки на терористите, кои во нивните домови поставуваат и противпешадиски мини, забранети со Отавската конвенција.
Така 17 членови на семејство од селото Гунде Курдо, кои побегнаа од центарот на Африн, на пат кон селото влегоа во една напуштена куќа сакајќи да се сокријат од дожд. Влегоа во куќата во која терористите под тепих поставија експлозив, а во ескплозијата загинаа шест членови на ова семејство.
Меѓу шесте загинати лица има жена и дете, едно лице остана под урнатините, додека пет се повредени.
Повредените во експлозијта се префрлени во болница во Азаз.