Ömer Yetkin Acar
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
САО ПАОЛО (AA) – Вкупно 24 убиства во низата инциденти кои се случија за речиси 24 часа предизвикаа загриженост во јавноста во северната бразилска покраина Пара, јавува Anadolu Agency (AA).
Бранот насилства зафати вкупно 16 квартови во градот Белем, а покраинските власти потврдија дека во тие квартови од петокот до саботата се регистрирани вкупно 24 убиства.
До серијата убиства дојде откако во судир со група вандали е убиен припадникот на бразилската воена полиција, Рафаел да Силва Коста.
Полициски претставници тврдат дека масовните убиства најверојатно се поврзани со убиството на полицаецот.
Орландо Салгадо, директор на Институтот за форензика во Белем, соопшти дека сите убиства се извршени со класично погубување, и поради тоа е формиран специјален тим што ја спроведува истрагата.
Салгадо истакна дека моментално аутопсијата на телата на убиените ја врши стручен тим составен од тројца стручњаци, а се очекува доаѓање на уште една екипа која исто така ќе даде свое видување за случајот.