Mahmoud Barakat
09 Февруари 2017•Ажурирај: 09 Февруари 2017
БАГДАД (АА) - Лидерот на ирачкoто крило на Хезболах, Басам ал-Мусави е убиен синоќа, во напад во Басра, јавува Anadolu Agency (AA).
„Генералниот секретар на ирачкиот Хезболах, Мусави е убиен синоќа во местото Ал-Хајанија, во покраината Басра, кога на неговото возило непознати напаѓачи отворија оган“, изјави за АА полициски официјален претставник од Басра, Џумаа aл-Хамрани.
Во нападот е ранет и еден соработник на Мусави, а напаѓачите се во бегство.
Досега ниедна група не презеде одговорност за синоќешниот напад.
Ирачкиот Хезболах е фракција во вооружената група Хашд ал-Шааби којашто ги обединува шиитските милиции во Иран и не се работи за движењето Хезболах како она од Либан.
Хашд ал-Шааби е формирана во 2014 година, со главна цел борба против терористичката организација ДЕАШ, а моментално собира обединува над 150.000 шиитски борци. Кон крајот на минатата година таа организација е инкорпорирана во ирачките вооружени сили и моментално учествува во операциите против ДЕАШ.