Eshat Fırat
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, изјави дека израелските воздушни сили ќе ги уништат сите ракетни системи на војската на сирискиот режим доколку се повтори инцидент на пресретнување на израелски авиони од страна на сириската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
„Доколку антиракетните системи на сирискиот режим уште еднаш пресретнат израелски авион, Израел ќе ги уништи сите антиракетни системи на земјата”, порача Либерман на церемонијата за прием на нови регрути во израелската војска во базата во квартот Рамат Ган во Тел Авив.
Израелското радио јавува дека Либерман исто така изјавил дека Израел нема да дозволи од Сирија да му се доставува оружје на Хезболах.
Израелските воздушни сили во петокот извршија напади врз подрачјето на Сирија, а премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека нападите се изведени со цел да се спречи трансфер на оружјето на Хезболах.