Qais Omar Darwesh Omar
19 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
ЏЕНИН (АА) - Израелските војници застрелаа двајца Палестинци денеска при рација на бегалски камп на окупираниот Западен Брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Адхам Џабарин и Џавад Бавакна се застрелани со куршуми на окупаторот за време на рацијата во кампот „Џенин““, објави државната палестинска телевизија.
Специјалните сили на Израелската армија упаднале во кампот, додека дополнително воено засилување пристигнало подоцна во раните утрински часови, изјавија очевидци за АА.
Меѓу Израелската армија и палестинските вооружени лица избувнаа судири, додека се обидуваа да го спречат упадот.
Тензиите се зголемени низ Западниот Брег во последните недели поради континуираните рации на Израел за апсење, како што велат, на „барани Палестинци“ или за рушење на палестински домови. Рациите предизвикаа судири со Палестинците и неколку жртви.