Ebru Şengül Cevrioğlu
19 Јануари 2023•Ажурирај: 20 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Испораката на природен гас на руската енергетска компанија „Гаспром“ во Европа преку Украина денеска ќе се намали за 23 отсто во споредба со вчера, се вели во соопштението на компанијата упатено до руските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Барањето за испорака на гас од дистрибутивната точка на компанијата „Сокранивка“ е одбиено од Украина“, се вели во соопштението.
Испораките ќе продолжат од точката Суџа, а обемот на испораката денеска [четврток] ќе изнесува 25,1 милион кубни метри.
Количествата на испораките на гас на „Гаспром“ за Европа преку Украина, која вчера [среда] изнесуваше 32,6 милиони кубни метри, ќе биде намалена за 23 отсто во споредба со 18 јануари.
Во мај минатата година Украина ја запре испораката на гас преку дистрибутивната точка Сокранивка, каде што минува една третина од рускиот природен гас за Европа.
Испораките на природен гас на „Гаспром“ за западна и централна Европа запреа преку гасоводите „Северен тек“ и „Јамал-Европа“. Испораката на компанијата во овие региони продолжува само преку Украина.