Qais Omar Darwesh Omar
19 Јануари 2023•Ажурирај: 22 Јануари 2023
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските власти денеска ослободија палестински затвореник по 40 години затвор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Махер Јунис (64) од градот Ара во северен Израел е ослободен и тој е на пат за дома“, соопшти Здружението на палестински затвореници.
Тој беше уапсен на 18 јануари 1983 година и беше осуден на доживотна казна, која подоцна беше одредена на 40 години.
Јунис беше обвинет дека бил член на тогаш забранетото движење Фатах, поседување оружје и убиство на израелски војник.
На 5 јануари, неговиот братучед Карим Јунис исто така беше ослободен по отслужувањето на неговата 40-годишна казна затвор.