Hacer Çakır
21 Јануари 2024•Ажурирај: 22 Јануари 2024
ГАЗА (АА) - Откако израелската војска се повлече од јужниот дел на градот Хан Јунис во Појасот Газа, зад себе остави ископани и уништени гробови, јавува Анадолу.
Израелските војници утрово се повлекоа од областа јужно од Хан Јунис. По повлекувањето на војниците се виде дека се ископани гробовите на палестинските семејства.
Додека израелската војска во писмена изјава на 19 јануари објави дека отворила некои гробови во блокираниот Појас Газа и ги тргнала телата, тврдеше дека тоа е направено за да се утврди дали таму се закопани израелските заробеници кои биле во рацете на Хамас.
Тие, исто така, тврдеа дека телата во ископаните гробници, за кои е утврдено дека не припаѓаат на израелски заробеници, биле вратени со „почит“.
Откриено е дека израелската војска отворила многу гробници и уништила гробишта во Појасот Газа.
Израелските сили ги уништија гробиштата околу болницата Насер во градот Хан Јунис во Појасот Газа.
Слики покажаа дека многу гробови на гробиштата се уништени, а некои тела се расфрлани.