политика

САД: Сандерс нема да присуствува на конференцијата на произраелското лоби

„Израелскиот народ има право да живее во мир и безбедност. Исто така и палестинскиот народ“, напиша на Твитер Сандерс, предводникот во трката за номинација за претседател на САД од редот на демократите

Beyza Binnur Dönmez  | 24.02.2020 - Обновена : 25.02.2020
САД: Сандерс нема да присуствува на конференцијата на произраелското лоби

АНКАРА (АА) - Берни Сандерс, сенаторот од американската сојузна држава Вермонт, денес најави дека нема да присуствува на претстојната конференција организирана од произраелска лоби-група, која служи како платформа за „изразување на биготизам“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Израелскиот народ има право да живее во мир и безбедност. Исто така и палестинскиот народ“, напиша на Твитер Сандерс, предводникот во трката за номинација за претседател на САД од редот на демократите.

„И понатаму сум загрижен во врска со платформата AIPAC [Американско-израелски комитет за јавни работи] за лидерите кои изразуваат биготизам и се спротивставуваат на основните права на Палестинците. Од таа причина, јас нема да присуствувам на нивната конференција.“

Сандерс ја повтори својата поддршка за дводржавно решение во регионот. „Како претседател, ќе ги поддржувам правата и на Израелците и на Палестинците и ќе сторам сè што е можно за обезбедување мир и безбедност во регионот.“

Конференцијата за АИПАК, која ќе се одржи од 1 до 3 март во Вашингтон, е најголемиот собир на произраелската заедница во Америка.

Сенаторот Сандерс е познат по неговите критики на таканаречениот „Договор на векот“ на претседателот Доналд Трамп, што беше објавен кон крајот на јануари.

Според него, планот, кој треба да стави крај на еден од најдолгите спорови во светот, „само ќе го продолжи конфликтот до недоглед“ помеѓу двете земји.

„Соединетите Американски Држави (САД) можат да донесат неизедначено раководство за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, но ние мора да го искористиме тоа раководство за да промовираме праведен и траен договор. Кој било мировен договор мора да биде усогласен со меѓународното право и резолуциите на ОН“, напиша Сандерс на Твитер веднаш по објавувањето на договорот.

„Тој мора да стави крај на израелската окупација и да им овозможи на Палестинците самоопределување во независна држава покрај еден безбеден Израел“, рече тој. „Таканаречениот мировен договор на Трамп не е ниту близу до ова и само ќе го оддолжи конфликтот до недоглед. Тоа е неприфатливо.“

Таканаречениот мировен план еднострано ги поништува претходните резолуции на ОН за палестинското прашање и привлече критики дека на Израел му дава скоро сè што бара, додека не се осврнува на палестинските барања.

Освен признавањето на Ерусалим (Кудс) како „неделив главен град на Израел“, „Мировниот план“ на Трамп штиклира и низа точки на списокот што ги бараа десничарите во Израел, меѓу кои и одобрување од страна на САД на израелскиот суверенитет врз нелегалните населби изградени во окупираниот Западен Брег и анексија на Јорданската Долина.

Меѓународното право ги смета Западниот Брег и Источен Ерусалим (Источен Кудс) како окупирани територии, а сите активности за изградба на населби од страна на Израел ги смета за нелегални.

Планот беше одбиен од Палестина, како и од Организацијата на исламска соработка (OIC) и од Арапската лига.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.