Aness Suheil Barghoti
30 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција го пушти на слобода палестинскиот министер за Ерусалим, Фади Хадами, кој беше приведен утринава, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на утринските часови израелската полиција изврши претрес во семејната куќа и го приведе министерот Хадами.
Адвокатот на одбраната, Муханад Џабара, соопшти дека министерот Хадами е пуштен на слобода по повеќечасовно испитување во полициските простории.
Израелската страна не го коментираше случајот.
„Приведувањето на Хадами е резултат на притисокот кој израелското радикално десно крило го врши врз Владата на Израел поради тоа што министерот Хадами ја посети „Ал Акса“ со чилеанскиот претседател Себастијан Пињера“, изјави Џабaрa.