Enes Kaplan
30 Јуни 2019•Ажурирај: 30 Јуни 2019
ОСАКА (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во текот на Самитот Г-20 во јапонскиот град Осака одржа 10 билатерални состаноци, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател својата интензивна програма ја започна со примање на директорот на Светска банка Дејвид Малпас и шпанскиот премиер Педро Санчес првиот ден од самитот.
Ердоган во ист ден се состана и со францускиот колега Емануел Макрон. Вториот ден од самитот Ердоган се состана со германската канцеларка Ангела Меркел, потоа со рускиот претседател Владимир Путин.
Турскиот претседател во текот на Самитот го прими и премиерот на Индија Нарендру Моди, и одржа состанок со претседателот на Индонезија Јоко Видодо.
Третиот ден од самитот Ердоган одржа состанок кој траеше повеќе од половина час со американскиот претседател Доналд Трамп.
Ердоган на крајот на третиот ден ја прими британската премиерка Тереза Меј, потоа Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.
Самитот Г-20 е форум на владите и централните банки на 20-те водечки економии во светот, кои ја вклучуваат Европската Унија и 19 земји - Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Јужна Кореја, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Турција, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.