Ekipa
14 Ноември 2017•Ажурирај: 15 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници приведоа 18 Палестинци на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската армија соопшти дека Палестинците се приведени поради наводна вмешаност во терористички активности.
Под разни изговори и обвиненија, израелските сили честопати вршат рации во куќите на Западниот Брег и Источен Ерусалим.
Извештаите од палестинските институции покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, вклучувајќи и околу 300 малолетни лица.