Mehmet Nuri Uçar
12 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска утринава започна голема воена вежба на границата од Појасот Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Повикувајќи се на неименувани воени извори, израелските медиуми јавуваат дека вежбата ќе трае до среда, а дека главна цел е проверката на воената подготвеност на израелските безбедносни сили.
Речиси два милиони Палестинци под блокада во Газа се радуваат на покренатата постапка за помирување меѓу ривалските движења Фатах и Хамас, но паралелно со тоа повторно стравува поради интензивните израелски воени активности на границата на таа енклава.
Израелската војска кон крајот на минатиот месец го минираше и го сруши тајниот тунел на границата на Газа и во таа притоа уби најмалку 12 Палестинци.