Ekipa
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
ИДЛИБ (АА) – Според првичните сознанија, осум цивили го загубиле својот живот, додека повеќемина се ранети во извршениот воздушен напад од страна на силите поврзани со режимот на Башар ал-Асад врз центарот на градот Идлиб во северозападна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Јахја Арџа, претставник во Цивилната одбрана на Идлиб, за АА истакна дека воените авиони на режимот на Асад извршиле бомбардирање врз плоштадот Мутенебби во регионот Наура која се наоѓа во северозападниот дел на градот Идлиб, како и врз стадиони и културни центри кои се наоѓаат во подрачјето на Акибе Дервиш.
Арџа пренесе дека според првичните сознанија во овие напади животот го загубиле осум цивили, меѓу кои 2 деца и една жена, додека повеќемина се ранети.
Тимовите на цивилната одбрана пристигнале во подрачјето со цел да ги спасат цивилите заробетни под урнатините.
Режимот на Асад и покрај потпишувањето на договорот за примирје во рамките на преговорите во Астана го прекршуваат примирјето. Режимот минатата недела го бомбардираше подрачјето на Кусур во градот Идлиб при што загинаа 11 цивили.