Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, упати повик до Хезболах да престане со своите воени активности во Либан и Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот на Гутереш, кој генералниот секретар на ОН го претставил пред Советот за безбедност на ОН, во кој го критикува Хезболах, политичката партија и милициското движење кое поседува најтешко вооружување во Либан, упатува повик до оваа група да престане со изведување воени дејствија во земјата и надвор од неа.
Генералниот секретар на ОН во извештајот истакнува дека Хезболах го прекршил договорот Таиф кој ја запре граѓанската војна во Либан и според кој сите милиции во земјата од Советот за безбедност на ОН добиле инструкции да го предадат оружјето. Гутереш во извештајот вели дека покрај тоа, оваа група е вмешана во граѓанската војна во Сирија и не зазема политика на неутралност околу регионалните прашања на Либан.
Во извештајот Гутереш упати повик до Владата на Либан и вооружените сили „Хезболах и сите останати вооружени групи да го предадат оружјето и да бидат преземени сите превентивни мерки за фаќање на паравоените милиции“. Тој истакна: „Абнормална ситуација е кога во една демократска земја, постои политичка партија која има моќ земјата да ја однесе во војна и продолжува постоењето на милициски сили кои не се должни да одговараат пред административните институции“.