Gamze Türkoğlu Oğuz
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
ПУТРАЏАЈА (АА) - Поранешниот малезиски премиер Наџиб Резак се наоѓа на испитување поради големиот корупциски скандал што придонесе за поразот на неговата коалиција на неодамнешните избори и губењето на власта по шест децении, јавува Anadolu Agency (AA).
На покана на инспекторот, Резак во придружба на телохранителот утрово пристигна во Канцеларијата за борба против корупцијата, а при влегувањето во зградата изгледаше опуштено и насмеано.
Минатата недела полицијата изврши претрес во три стана на Резак и заплени 284 кутии со готовина, накит и луксузни предмети.
Поранешниот премиер на Малезија се соочува со обвинувања за најголемиот корупциски скандал во историјата на таа земја.
Обвинителството го товари за проневера на 681 милиони долари преку инвестициската компанија 1MDB. Парите се на неговите пет банкарски сметки, а претходно рече дека тие пари ги добил како донација.