Afra Aksoy
22 Мај 2018•Ажурирај: 22 Мај 2018
МАРИБ (AA) - Најмалку пет цивили загинаа, а 20 се ранети во бомбашки напад кој го извршија припадниците на шиитското бунтовничко движење Хуси во јеменскиот Мариб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на полициската станица во Мариб, во источниот дел на земјата мета на ракетата „Катјуша“ било цивилното население.
Официјалните претставници се загрижени дека бројот на мртви би можел да биде зголемен. Хусите ја држат под контрола планината Хејелан, од којашто има поглед на западниот дел на Мариб.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.
Бунтовничкото движење на Хусите го контролира главниот град Санa и неколку други важни региони во земјата, а меѓународно признатата Влада на Јемен делува од пристанишниот град Аден.
Судирите во Јемен беа дополнително засилени во март 2015 година, кога Саудиска Арабија и нејзините сојузници започнаа со воздушни напади врз позициите на бунтовниците.