Zehra Ulucak
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
СЕУЛ (АА) - Шефот на Канцеларијата за национална безбедност на Јужна Кореја, Ким Кван-џин и неговиот американски колега Х.Р Мекмастер го потврдија претходниот договор помеѓу Вашингтон и Сеул според кој Јужна Кореја нема на САД да им плаќа дополнителни трошоци за поставување на ракетниот штит ТХААД (THAAD), пренесува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејската новинска агенција Јонап го пренесе соопштението на Претседателството на Јужна Кореја во кое се наведува дека Мекмастер утринава телефонски го побарал колегата Ким и дека во разговорот го потврдиле претходниот договор според кој Јужна Кореја е должна да обезбеди земјиште и логистика за воспоставување на ракетниот штит ТХААД, и дека нема да сноси додатни трошоци кои неодамна ги бараше американскиот претседател Доналд Трамп.
Во минатонеделен медиумски настап Трамп изјави дека Јужна Кореја треба да плати милијарда долари за воспоставување на антиракетниот систем кој е во изградба во Јужна Кореја со цел редуцирање на севернокорејската нуклеарна закана.
Тие изјави наидоа на негодување во Јужна Кореја, која тврди дека со првобитниот договор САД ги презел сите трошоци за поставување и оперативната работа на ТХААД.
Мекмастер денес во разговор со јужнокорејскиот шеф за национална безбедност, Ким, изјави дека Трамп таа изјава ја дал во генерална смисла на очекувањата на американските граѓани кои очекуваат од сојузниците да учествуваат во обезбедување на трошоците за одбрана.
Челниците за национална безбедност на двете земји исто така го усогласија и продолжувањето на интензивирањето на притисокот врз Северна Кореја во правец на нејзино завршување на развивање на нуклеарно оружје.
САД оваа недела започна да го подига ракетниот штит ТХААД (THAAD - Terminal High Altitude Area Defense) во јужнокорејскиот регион Сонџу, а системот би требало да биде оперативен кон крајот на оваа година.