Halit Süleyman
27 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
ИДЛИБ (АА) - Во воздушен напад во градот Ариха, во сириската провинција Идлиб загинаа 13 цивили, а 30 лица останаа затрупани под урнатините, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставник на цивилната заштита на Ариха, Мухамед Хашим за АА изјави дека населбата била бомбардирана од воен авион, за кој се претпоставува дека ѝ припаѓа на руската армија.
„Екипите на цивилната заштита прават напори за да стигнат до 30 цивили под урнатините“, рече Хашим.
Завојуваните страни во Сирија, со посредство на Турција и Русија постигнаа договор за прекин на огнот, кој стапи на сила на 30 декември.
На мировните преговори во Астана коишто се одржаа минатиот месец, Турција, Русија и Иран се согласија да се воспостави троен механизам за надзор на спроведувањето на прекинот на огнот во Сирија.