Ekipa
28 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
РИО ДЕ ЖЕНЕИРО (АА) - Горниот дел од подвижна платформа на светски познатиот карневал во Рио де Женеиро денес падна за време на парадата, при што се повредени најмалку 12 лица, соопштија локални официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Секретарот за здравство во Рио изјави дека девет лица се хоспитализирани, од кои две се во тешка состојба. Според иформациите на лекарот, еден од повредените претрпел удар во главата.
Парадата беше запрена во период од 25 минути за на повредените да им се укаже медицинска помош, а потоа беше продолжена.
Полицијата започна истрага за инцидентот.
Неколку минути претходно се случи помал инцидент за време на парадата претставници од едно училиште, кое се натрпеваруваше во танцување самба. Една од платформите се одвои и падна на земја. Во тој инцидент нема повредени.