Recep Şakar
28 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
МЕЛБУРН (АА) - Австралиската полиција го уапси 42-годишниот електричар Хајсем Зехаб кој се сомничи дека на терористите на ДЕАШ им помагал во развивањето проектили со голем дострел, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничениот е уапсен за време на полициски претрес на неговиот дом во градот Јанг во Нов Јужен Велс, а обвинителството му одреди притвор и против него е подигнато обвинение за пружање помош на терористите на ДЕАШ преку интернет за да развијат технологија за производство на ракети со долг дострел.
Станува збор за австралиски државјанин кој на 8 март ќе биде изведен пред судот во Парамата, а му се заканува доживотна затворска казна.
Премиерот на Австралија, Малком Турнбул, изјави дека Зехаб е уапсен поради поврзаност со терористите надвор од Австралија, а не поради терористички активности во земјата.
„Тероризмот на ДЕАШ стана глобален проблем, но Австралијците не треба да паднат со духот пред тој проблем. Терористите сакаат да нè исплашат, да нè поделат и да нè поделат. Нема да им го дозволиме тоа“, порача премиерот Турнбул.