Admir Fazlagic
13 Јануари 2017•Ажурирај: 13 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Студеното време во Македонија и во регионот сѐ уште трае. Според Управата за хидрометеоролошки работи, утрово најладно беше во Струмица, каде што се измерени -17 Целзиусови степени, јавува Anadolu Agency (AA).
По Струмица, на територијата на Македонија најладно беше во Битола и во Скопје, каде што се измерени -16 Целзиусови степени, а по нив следува Куманово, каде што утринската температура изнесуваше - 15 степени. Во другите градови се измерени следните температури: Д. Капија и Берово, -14 Штип, -12 Скопје, -11 Прилеп, -10 Виница, -9 Гевгелија, Крива Паланка, -8 Лазарополе, Дебар, -6 Маврово, Тополчани, Пожаране, Претор, Ѓуриште, -5 Охрид, Крушево и -4 во Дојран.
Како што соопшти УХМР, снежната покривка измерена во 7 часот е највисока во Маврово, 52 сантиметри, а најниска, еден сантиметар во Дојран. Во Лазарополе 42, 36 во Пожаране, 33 во Тополчани, 28 Берово, 25 Дебар, 24 Ѓуриште, 23 Крушево, 19 Битола, 16 Кр. Паланка, 15 Куманово, Струмица, Претор, 12 Виница, 11 во Д. Капија, Штип и во Охрид, 10 во Скопје и во Прилеп и 2 во Гевгелија.
Утрово не се регистрирани нови снежни врнежи. Времето денеска е променливо облачно, со сончеви периоди и со слаб, а на повисоките места и на планините дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
По одделни котлини има појава на слаба магла. Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи од Македонија пат.
Поради ниските температури, наместа е можна појава на голомразица. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.