Fatih Erel
21 Јули 2016•Ажурирај: 23 Јули 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Светската метереолошка организација (WMO) соопшти дека во првите шест месеци од 2016 година, температурите во целиот свет достигале рекорд, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата во канцеларијата на ОН, директорот на WMO Дејвид Карлсон изјави: „Има рано топење на мразот. Нивото на јаглеродниот диоксид што го зголемува глобалното затоплување го достигна највисокото ниво и за првите шест месеци од 2016 година, температурите достигаа рекорд“. „Месецот јуни оваа година е најжешкиот месец од 1880 година наваму, 14 месеци по ред температурите на земјата и океаните достигна рекордни вредности“, изјави Карлсон.
„Температурите во првите 6 месеци од 2016 година се за 1,3 степени над степените од 19. век. Покачувањата на температурите најмногу се чувствуваат на северната полутопка. Високите температури најмногу се чувствуваат во Канада, Грендланд и на Алјаска“, изјави Карлсон.