Furkan Abdula
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
СТРУМИЦА (АА) - Турската Црвена полумесечина во соработка со Црвен крст на Република Македонија по повод празникот Курбан Бајрам денеска во Струмица заклаа 2.100 курбани, кои потоа беа доделени на социјално ранливите семејства во Источна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA)
Во оваа пригода учествуваа заменик-амбасадорот на Турксата амбасада во Скопје, Мурат Сумер, генералниот претседател на Турската полумесечина, Керем Киник и неговата делегација, Љупчо Јанков, секретар на Црвен крст во Струмица, како и волонтери на Црвен крст.
Киник во изјава за медиумите истакна дека тука се наоѓаат по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, и додаде дека ќе колат 2.100 курбани во Струмица, а потоа ќе бидат делени на социјално ранливите семејства во руралните региони на Источна Македонија.
„Се надевам дека овој Бајрам ќе донесе мир. Зборот курбан значи зближување. Курбан е еден верски обред, тоа е е личен однос со Бога. Ние како Црвена полумесечина бевме подготвени за 100 илјади курбани, но поради големата заинтересираност на донаторите оваа бројка се зголеми на 125 илјади“, рече Киник.
Исто така, тој додаде дека доделиле донации за околу 3 милиони лица во над 30 земји во светот. „Бајрамот е споделувње, бајрамот е зближување, бајрамот е братство, бајрам е лек за заборавање на болките во светот. Ви го честитам бајрамот“, истакна Киник.
Од друга страна, Јанков упати благодарност до турската Црвена полумесечина поради овој гест и помош за народот којшто живее во овој регион.
„Соработката меѓу македонскиот Црвенкрст и Црвената полумесечина на Турција е наназад многу години навистина голема и би сакал да им се заблагодарам за секоја нивна досегашна помош и во изминатите години како и во овие моменти за навистина големата соработка и помошта“, изјави Јанков кој истакна дека се надева за понатамошна соработка меѓу двете институции. Тој упаи честитка за празникот на муслиманите.
Турската Црвена полумесечина во првиот, вториот и третиот ден од Курбан Бајрам ќе додели 2.100 удели курбан во Источна Македонија.