Stipe Mayiç
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Загрепското Градско собрание одлучи да ја отстрани плочата со името на плоштадот Маршал Тито, јавува Anadolu Agency (AA).
По гласањето на коешто присуствуваа 50 градски претставници, со мнозинството од 29 гласа за, 20 против и еден содржан, утврдено е плоштадот Маршал Тито да се преименува во Плоштад на Република Хрватска.
„Со ова, плоштадот Маршал Тито замина во историјата и се надевам дека таму и ќе остане“, изјави претседателот на загрепското Собрание, Андрија Микулиќ.
Натписот „Плоштад Маршал Тито“ беше отстранет по иницијатива на групата Бруно Есих – Златко Хасанбеговиќ, кои коалицираа со Партијата за труд и солидарност на Милан Бандиќ за да го создадат мнозинството во Градското собрание.
Златко Хасанбеговиќ изјави дека плочите со името Плоштад Маршал Тито ќе бидат отстранети и ќе бидат однесени во Хрватскиот историски музеј или во Музејот на Градот Загреб. Хасанбеговиќ отстранувањето на плочата го нарече мало и задоцнето задоволство за сите жртви од воениот и повоениот југословенски комунистички титовски терор.
Иницијатавата ја поддржа и градоначалникот Милан Бандиќ, кој ја повика Владата колку што е можно побрзо да ги отстрани симболите на сите тоталитарни режими, а припадниците на ХОС да ја отстранат плочата со натписот „За дом спремни“ од Јасеновац.
Плоштадот околу Хрватскиот народен театар ќе го носи името Плоштад на Република Хрватска.