Балкан

Пожар во трговски центар во Струмица, предизвикана материјална штета

Речиси пред полноќ граѓаните до надлежните служби во Струмица пријавиле дека се крева пламен во близина на трговскиот центар „Глобал", после што на лице место се најдоа пожарникарите кои неколку часа се обидуваа да го стават под контрола пожарот

Admir Fazlagic  | 03.01.2021 - Обновена : 03.01.2021
Пожар во трговски центар во Струмица, предизвикана материјална штета ( Foto: Umeys Sulejman / Anadolu Agency )

СТРУМИЦА

Пожарот кој избувна во приземјето на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица и се прошири и во внатрешноста на објектот, по неколкучасовни напори пожарникарите успеаа да го стават под контрола, јавува Агенција Анадолија (АА).

Речиси пред полноќ граѓаните до надлежните служби во Струмица пријавиле дека се крева пламен во близина на трговскиот центар „Глобал", после што на лице место се најдоа пожарникарите кои неколку часа се обидуваа да го гасат пожарот кој се ширеше во внатрешноста на објектот.

Струмичкиот градоначалник Коста Јаневски, кој беше на местото на настанот изјави дека од пожарот е причинета огромна материјална штета. Тој истакна дека пожарникарите прават се за да спасат она што може да се спаси. Според него, „среќа во несреќата е тоа што нема човечки жртви."

Тој додаде дека пожарникарите вложуваат огромни напори и дека на помош на струмичките пожарникари пристигнале екипи и од околните градови, меѓу кои екипа од Радовиш, Штип, Неготино и Валандово.

На местото на пожарот беа голем број граѓани, а повеќе полициски возила го обезбедуваат просторот околу трговскиот центар „Глобал“, како и возила на првата помош.

Сѐ уште нема податоци од надлежните за можните причини за предизвикување на пожарот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın