Lejla Biogradlija
03 Јануари 2021•Ажурирај: 04 Јануари 2021
ПЕТРИЊА
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) им достави помош на граѓаните на Петриња и Сисак, што беа погодени од земјотресот со јачина од 6,3 степени на 29 декември, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ТИКА се наведува дека на локалните власти им доделиле помош во ќебиња за да им помогнат на загрозените жители.
Се додава дека претставниците на ТИКА се состанале и со жителите на Сисак и Петриња.
Исто така, во придружба на министерот за внатрешни работи на Хрватска, Давор Божовиќ, и европскиот комесар за кризни ситуации, Јанез Ленарчиќ, ги посетија подрачјата погодени од земјотресот.
Министерот Божовиќ упати благодарност до ТИКА за врачената помош, а градоначалниците изразија благодарност за поддршката што ТИКА ја упати во регионот веднаш по земјотресот.