свет

Египет потпиша договор за купување 30 воени авиони од типот „Рафал“ од Франција

Портпаролот на Вооружените сили на Египет, Тамир Мухамед Рифаи, преку Твитер соопшти дека потпишан е договор помеѓу Вооружените сили на Египет и француската компанија за авијација „Дасо“ (Dassault).

Hamdi Yıldız  | 04.05.2021 - Обновена : 05.05.2021
Египет потпиша договор за купување 30 воени авиони од типот „Рафал“ од Франција

КАИРО

Египет потпиша договор за купување 30 воени авиони од типот „Рафал“ од Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на Вооружените сили на Египет, Тамир Мухамед Рифаи, преку Твитер соопшти дека потпишан е договор помеѓу Вооружените сили на Египет и француската компанија за авијација „Дасо“ (Dassault).

Рифаи нагласи дека договорот помеѓу Египет и Франција е за купување 30 воени авиони од типот „Рафал“.

Според него, договорот е постигнат со кредит за финансирање со рок од најмалку 10 години.

Тој потсети дека и во 2015 година бил потпишан договор помеѓу двете земји за купување 24 воени авиони од истиот тип.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın