Meltem Bulur
05 Април 2018•Ажурирај: 06 Април 2018
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за Европска Унија (ЕУ) и главен преговарач, Омер Челик, зборуваше по повод 98. годишнината од основањето на новинската агенција Anadolu Agency (АА), истакнувајќи го нејзиното значење, која освен што врши информирање за дневните настани од светот, истовремено е глас на заборавените делови од светот и потсетник за нивното постоење.
Министерот Омер потсети дека АА постои речиси еден век, нагласувајќи дека таа претставува гласот на Турција во светот. Министерот укажа и на фактот дека оваа новинска агенција последните години имала значајни измени.
„Стана гласот на заборавените подрачја“, рече Челик.
Тој истакна дека АА ги следи актуелните случувања во светот, но истовремено е и глас на оние кои светот не ги слуша.
Турскиот министер Челик изјави дека агенцијата објавува многу анализи кои ги следи внимателно, поради што смета дека АА е многу значајна агенција која извршува мултидимензионални, а понекогаш и опасни задачи од различни делови на светот.
Челик порача дека АА „е нивен глас, уши, очи и функционира како мост кој ги соединува различните подрачја“.