Moustafa Maged Haboosh,Afra Aksoy
25 Април 2019•Ажурирај: 28 Април 2019
ГАЗА (АА) - Палестинскиот уметник Али ел Џибали, со делата изложени во остатоците од големите згради оштетени за време на нападите на Израел во Газа во јули 2014 година, на еден необичен начин ги отсликува страдањата на жителите, јавува Anadolu Agency (AA).
Џибали, за да ги искаже тешкотиите што ги претрпуваат Палестинците во Газа, остатоците на ѕидовите од една зграда која се наоѓа во маалото Ен-Наср во западниот дел на градот ги искористил како изложбен простор. Тој, необичната изложба ја нарече „Сонувачи меѓу урнатините“.
Џибали, истакнувајќи дека за изложбата се користени лица на деца, жени, стари и млади, рече дека четири од делата се нацртани на ѕидовите, додека шест дела се масло на платно.

„Овие слики ја искажуваат болката на жителите што ги претрпеа поради континуираните напади на Израел и тешките услови за живот“, нагласи Џибали.
Тој, исто така, наведе дека со изложбата сака да придонесе во пораката со која треба да се разбере тешкото искушение на жителите на Газа, која ја испраќа до светот и меѓународната заедница.
Студентот Ахмед Сијам, еден од посетителите на оваа необична изложба, истакна: „Жалосни, исплашени и уморни лица, ја одразуваат целата вистина за тоа што се случува во Газа.“
Сијам, исто така, подвлече дека делата ја одразуваат тежината на животот во Газа, особено за децата и жените.

Израел од 2006 година го држи Појасот Газа под блокада, од копно, море и воздух.
Во Појасот Газа речиси 2 милиона Палестинци со години живеат под блокада, а поради нападите на Израел во 2008, 2012 и во 2014 година живеат под тешки услови.
Израелските напади зад себе оставија стотици мртви и повредени, целосно или делумно уништени згради.