култура и уметност

Во Скопје се отвори Неделата на турскиот филм

Настанот ќе трае 4 дена, и ќе бидат прикажани 8 филма, од кои 2 се документарци

Dzihat Aliju  | 23.04.2019 - Обновена : 26.04.2019
Во Скопје се отвори Неделата на турскиот филм Фото: Vedat Abdul/АА

СКОПЈЕ (АА) - Вечерва, со проекција на филмот „Бал кајмак“ (Меден кајмак), започна Неделата на турскиот филм и филмската работилница помеѓу Турција и Северна Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Неделата на филмот и филмската работилница се одржува со поддршка на Министерството за култура на Турција, а ќе биде реализирана од страна на Фондацијата Енсар. Филмската недела започна вечерва во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (IBU). На отворањето присуствуваше министерот за култура на Северна Македонија, Асаф Адеми, преставници на амбасадата на Република Турција во Скопје, претставници на турските организации и институции во земјата и голем број гости. 

Министерот за култура Адеми, истакнувајќи дека неделата на филмот ќе ја продлабочи соработката меѓу Северна Македонија и Турција, нагласи: „Во оваа област културата е моќна алатка. Филмската индустрија во Турција е многу развиена и верувам дека сите присутни во текот на неделата ќе уживаат во филмовите што ќе бидат прикажани.“ 

Координаторот на Неделата на филмот меѓу Северна Македонија и Турција, Мурат Туфан, истакна дека настанот ќе трае 4 дена, и ќе бидат прикажани 8 филма, од кои 2 се документарци. 

„Едниот филм е многу значаен, документарецот „Гобелитепе“. Тука се режисерите и продуцентите на филмовите. По прикажувањето на филмовите ќе даваат интервјуа“, рече Туфан. 

Тој нагласи и дека во текот на настанот ќе има работилница на која ќе се разговара за соработката помеѓу двете земји во областа на кинематографијата. 

Туфан истакна дека настанот ќе заврши со концертот на симфонискиот оркестар на Универзитетот „Тракија“. 

Продуцентот на филмот „Бал Кајмак“, Емир Шериф Јилдиз, рече дека се надева оти филмот, кој речиси целосно беше снимен во Северна Македонија, ќе им се допадне на гледачите. 

Поради дополнителните улоги во сериите во кои се ангажирани, актерите од филмот не ќе можат да присуствуваат на Неделата на филмот, рече Јилдиз, потенцирајќи дека многу им се допаднала природната убавина и луѓето во Северна Македонија. 

Пред свеченоста, беше отворена изложбата за филмски постери на турската кинематографија. 

Неделата на турскиот филм ќе трае до 26-ти април. Филмовите ќе бидат прикажувани во Кино „Милениум“ во Скопје, Меѓународниот балкански универзитет и во Тетово, во меѓународните учишилиште на Фондацијата „Мариф“. 

Ќе бидат прикажани следните филмови: „Каос“ (режисер-продуцент: Семир Асланјурек), „Ајдеде – патување кон месечината“ (режисер: Абдурахман Онер; продуцент: Арзу Шенсес Онер), „Хуркуш – херојот на небото“ (режисер: Кудрет Сабанџи), „Халеф“ (режисер: Мурат Дузгуноглу) и „Сите блаженства се возможни“ (продуцент: Зулфиќар Курум). 

Исто така, во рамките на Неделата на филмот ќе се прикажат и документарните филмови „Ѓобеклитепе“ (автор: проф. д-р Огуз Макал) и „Тамбурица“ (автор: Сали Салији), каде што љубителите ќе имаат можност да дебатираат со авторите. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.