Özcan Yıldırım
18 Март 2021•Ажурирај: 19 Март 2021
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција би се соочила со поголеми намети од оние во Севрес, доколку би покажала и најмала слабост, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган се обрати на учесниците на церемонијата на доделување на Државен медал на благодарност која е одржана во Претседателската палата во Анкара.
Тој ја истакна важноста за продолжување на одлучната борба против тероризмот во Турција и предупреди дека покажувањето каква било слабост во таа борба, земјата би ја соочило со големи надворешни намети кои би биле полоши од оние со кои се соочувала при склопувањето на Мировниот договор во Севрес.
„Селџучката и османлиската држава се срушија, како поради надворешните напади, така и поради внатрешните поделби. Нема да дозволиме нашата денешна држава, која сѐ уште не наполнила ни 100 години од своето постоење, да се соочи со истиот проблем“, изјави Ердоган.
Државниот медал на благодарност е доделен на семејствата на шехидите и газиите на Турција. Ердоган во таа пригода изјави дека сите турски шехиди и газии се печат кој е симбол на независноста и иднината на Турција.
Турција денеска го одбележува Денот на шехидите и 106. годишнина од Поморската битка на Чанаккале.
„Во борбата за полумесечината на Чанаккале изгубивме многу сонца, но за возврат ја спасивме нашата независност и иднина“, нагласи Ердоган.
Турскиот претседател исто така порача дека националната химна на Турција ја потсетува нацијата зошто мора да остане единствена и да се грижи за татковината.
„Се обидоа на сѐ, од тероризам до воени удари, но не успеаја нашиот народ да го соборат на колена. Ни во иднина нема да можат да ги остварат нивните гадни намери“, порача Ердоган.