ГАЗИАНТЕП (АА) - ЈЕТЕР ЕРДИНЕ
Античкиот град Дуљук се претставува како едно од 25-те најстари населени места во светот за периодот од 600.000 години пред новата ера. Од една страна можат да се забележат храмовите на митраизмот и остатоците од каменото доба, а од друга страна, посетителите имаат можност да го почувствуваат секојдневниот живот на локалното население, со што истовремено можат да ги доживеат и минатото и сегашноста.
Овој антички град во минатото се наоѓал на патиштата на кои се вкрстуваат истокот, западот, северот и југот. За постоењето на Дуљук има докази кои посочуваат околу 600.000 години пред новата ера, во времето на Асирското царство. Тој се наоѓал на патот што се протегал од Месопотамија до Киликија, во периодот на Хеленизмот и Рим, од Антакија и Киклија до Зеугма.
Покрај остатоците од каменото доба, на локалитетот се наоѓаат и остатоци од бакарниот период. Во овој антички град се пронајдени и најстарите математички пресметки за кои се знае, а се наоѓаат и траги од старото камено време (палеолит).
Овој антички град, во кој постојано се менувале империите на Хетејците, Медијците, Асирците, Персијците и Александар Велики, дава голем број информации за тие цивилизации преку спомениците и историските објекти што се наоѓаат во овој град.
Во периодот кога доминирало верувањето Митра, тука е изградено неговотот најголемо подземно светилиште во светот. Во улицата Дуљул, покрај историските објекти, се наоѓаат куќи и џамија изработени од класично изделкан камен, со што посетителите се во можност истовремено да го доживеат допирот на минатото и сегашноста.
Директорот за култура и туризам на областа Газиантеп, Мехмет Ајканат, за дописнокот на АА изјави дека е потребно местото на кое се наоѓа подземниот храм на верувањето Митра, заедно со светото место на ридот Дуљук, кој се наоѓа отспротива, познат и како „Дуљук Баба“ и ридот Кебер да се гледаат како една целина.
Директорот Ајканат истакна дека на археолошките ископувања во античкиот град кои се изведуваат од 2003 година досега, под раководство на професорот од Универзитетот „Минстер“, проф. д-р Енгелберт Винтер, пронајдени се голем број значајни наоди.
„На просторот од ова светилиште откривме остатоци од една палата. Таму има уште места што треба да се откријат. Сега сме на просторот од улицата Дуљук. Спроти светилиштето, во селото продолжува нормалниот живот на населението. Можеме да кажеме дека тоа е едно од најстарите центри на верување во Газиантеп. Во минатото тука било местото во кое се вкрстувале патиштата од истокот, западот, северот и југот. Има и камени гробници. Во тој период ги закопувале починатите во некрополи (големи гробници или места за закопување). Овие камени гробници се наоѓаат покрај селото“.
- „Историјата и социјалниот живот се живеат истовремено“
Диекторот Ајканат рече дека меѓу пронајдените археолошки откритија е и светилиштето на богот Тешуп, кој е еден од боговите во кои веруваат Хетејците, кому тие му жртвувале бикови. На еден од ѕидовите на светилиштето може да се види релјеф од церемонијата на жртвување бик.
„На овој релјеф може да се забележи дека тој во една рака го држи громот, додека со другата рака со секира се обидува да го жртвува бикот, со што го исполнува верувањето. Релјефот потекнува од периодот од околу 2.000 години пред новата ера. Нашиот град е богат со историски урнатини коишто имаат посебна убавина. Не наплаќаме за посетата на историските знаменитости. Ги пречекуваме гостите што пристигаат. Ние сме нивни водичи низ градот. Нашите пријатели им помагаат и им ги даваат потребните информации поврзани со градот. Имаме и позитивна повратна реакција од задоволството што им го овозмжила посетата. Во моментов, во источниот дел од улицата Дуљук, децата играат фудбал, и продолжува секојдневниот живот на населението. Се занимаваат со домашните работи, со земјоделските работи во селото. Историјата и социјалниот живот се живеат заедно. Ова е посебна убавина“, вели директорот за култура и туризам на областа Газиантеп.
news_share_descriptionsubscription_contact
