Betül Yürük
02 Мај 2017•Ажурирај: 03 Мај 2017
ЛАНКАСТЕР (АА) - Скромниот начин на живеење на Амишите во Соединетите Американски Држави (САД), кои според нивното верување се изолирани од модерниот свет и од технологијата, речиси ве носи на патување низ времето, пишува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на традиционалниот христијански ред, чија денешна популација брои околу 300.000, кои во 18. век поради реформските движења и верските притисоци од Швајцарија мигрирале во „Новиот свет“ кој ветувал верска слобода, сѐ уште живеат како во периодот кога од Европа мигрирале во САД.
Амишите се познати како една дисциплинирана заедница која многу работи, и во согласност со нивното верување живеат еден исклучително обичен и едноставен живот.
Тие претежно живеат во централниот дел на САД, не користат електрична енергија, ниту пак ги користат можностите кои ги нуди модерната технологија.
Оваа заедница, која го одбива модерниот живот како и технологијата, а му дава значење на мануелниот труд и ракоделието, живее подалеку од каков било вид технологија во еден од технолошките центри, САД.
Амишите наместо со автомобил, патуваат со коњски запреги наречени "buggie".
Амишите не користат дури ни трактори, а преку земјоделството и сточарството обезбедуваат средства за живот. Тие со помош на запреги ги ораат нивните ниви, ги засадуваат земјоделските култури, и ја собираат жетвата без користење на модерните земјоделски технологии.
Сите членови од семејството, вклучувајќи ги и децата, работат на нива, молзат крави и пак ги вршат домашните обврски.
Амишите си помагаат на едни со други при работењето на нива, при градењето или пак на фармите.
- Повеќедетни семејства -
Амишите ја продолжуват традицијата за голем број деца, имаат најмалку по пет деца. Образованието на децата Амиши трае осум години, учат во нивните еднособни училишта. По осумгодишно образование семејствата веќе не ги праќаат децата на училиште.
Амишите покрај англисиот јазик, во нивниот секојдневен живот претежно го користат нивниот мајчин јазик, кој е еден различен дијалект на германскиот јазик.
Тие се разликуваат од христијаните според своите обреди, и секоја втора недела одат во црква, и по литургијата имаат заеднички оброк.
Оваа заедница привлекува внимание и со нивниот начин на облекување. Тие сами ја шијат својата гардероба, дури не користат ниту патенти на облеката.
Жените облекуваат долги фустани со темна боја, бела престилка и носат бели шапки. Младите девојки Амиши на свадби облекуваат сини фустани коишто тие ги сошиле. На нивната венчавка фустаните ги облекуваат при влез во црквата, а се погребуваат со истата облека.
Мажите облекуваат темни пантолони со трегери, долги кошули без јаки, во лето носат сламен шешир, додека во зима чоен шешир. На мажите Амиши им е забането да имаат мустаќи, а кога ќе се оженат пуштаат брада.
Бидејќи не користат електрична енергија, Амишите своите садови и алиштата ги перат на раце. Тие по зајдисонце ја оставаат работата, се враќаат во нивните домови, а за осветлување користат гасни лампи.
Амишите се против војната и не сакаат да служат во војската, не гласаат, не плаќаат данок, само го плаќаат данокот на добивка од производите кои тие ги произведувале и продавале.
Тие поради нивниот различен начин на живеење се во фокусот на вниманието, привлекуваат голем број туристи во Ланкастер, Пенсилванија, и со нивните коњски коли организираат тури во местата каде што живеат.
Амишите кои се против технологијата, се вознемируваат кога се фотографирани и снимани, и кога забележуваат дека некој ги фотографира, го вртат својот грб.