Cuneyt Davut
14 Септември 2016•Ажурирај: 15 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје, каде што веќе четири дена повремено се случуваат земјотреси, народот ги напушта своите домови и престојува на улиците, јавува Anadolu Agency (AA).
Една од скопските населени места, каде живеат претежно Роми, стотици од нив се „преселија“ во паркот покрај патот. Овие граѓани од своите домови изнесоа кебиња, кревети, перници, тенџериња и кујнски боци во своите коли, во страв и немир, дење и ноќе престојуваат во шатори.
Велат дека се најмногу загрижени за траумите кои ги поминуваат нивните деца и посакуваат што побрзо да престанат земјотресите.
Ресмије Арифи, која заедно со своите деца веќе 3 дена се наоѓа во паркот во разговор за АА раскажа за поминатите моменти при неколкуте земјотреси кои се случуваат овие денови.
„Помислив дека мојот син ќе полуди од страв. Многу се исплашија и големи трауми доживеаа. Нашите деца постојано плачат, а сите постојано викаат. Ова за нас претставува голем удар“, раскажа Арифи, која додаде дека се обидуваат да преживеат со своите скромни можности, како и дека поради стравот дека секој момент може да се случи нов земјотрес, не ги испраќа своите деца на училиште.
Сеат Менсур од Скопје пак рече дека, и од најмалиот потрес кај луѓето се јавува толку голема траума, што почнуваат веднаш да викаат и дека поради ова никој не сака да се врати во својот дом. Изјавувајќи дека немаат проблем со безбедносните лица на улиците Менсур рече:
„До кога ќе живееме по улиците!? Овој страв до кога ќе продолжи!? Деноноќно сме на улиците под тешки услови."
Повремените земјотреси кои прв пат беа забележани во неделата, траат веќе четири дена. Забележани се околу 16 земјотреси и повеќе мали потресувања.
Овој земјотрес се смета за втор од ваква природа по големиот Скопски земјотрес од 1963 година.