Stipe Mayiç
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
ЗАГРЕБ (АА) – По повод својот концерт во Лисински во Загреб, новинарите во долг ред чекаат да разговараат со македонската и ромската дива, светски позната кантавторка на ромската музика, Есма Реџепова.
Ромската кралица на музиката која живее во Скопје, а инаку е активистката и хуманитарка за правата на Ромите, за Anadolu Agency зборуваше за Ромите во Македонија и во светот денес, а сподели со читателите и малку стари, ромски мудрости.
-Македонија како модел за решавање на ромското прашање-
Реџепова вели дека Ромите како нација во Македонија се признати, имаат свои претставници и министри, два приватни тв канали, а на националната телевизија има секој ден емисија на ромски јазик.
“Македонија многу добро го реши статусот на националности кои живеат во неа. Многу сум среќна што сум родена во Македонија, тоа е единствена земја која го призна статусот на Ромите во светот”, вели Реџепова.
На прашањето како ги гледа статусот и проблемите на Роми во целина, Реџепова вели :
“Мислам дека статусот на Ромите е подобрен во светот, но моментално по тоа прашање сеуште води Македонија, единствената земја која го призна овој свој народ. Во таа насока одат и останатите држави на Балканот и Европа. Статусот на ромското прашање е многу подобар сега отколку што беше порано, порача Реџепова. Ромката која прва во Југославија во медиумите запеа на ромски јазик и кандидатката за Нобелова награда вели дека сите требаат да ја земат Македонија како модел за решавање на ромското прашање.
“Ромите во Македонија, меѓу другите националности се доста ценети и сакани, немаат предрасуди и слични работи што се јавувале порано”, вели таа.
Зборувајќи за промената во достапноста на новата музика и изведувачи Реџепова рече :
“Има се повеќе медиуми, се полесно се доаѓа до податоците, така да ромската музика станува се повеќе популарна во светот, а настанаа и многу музчки бендови на Балканот и Европа. И покрај сета друга музика, Ромите се многу популарни во светот. Многу се промовирани бидејќи има многу помагала и медиуми и полесно се доаѓа до афирмација”.
Од почетокот на нејзината кариера во втората половина на педесеттите години на минатиот век до денес, работите во врска со ромската музика се во најдобар ред и тој жанр е многу популарен. “На прашањето како баш таа успеала покрај сите Роми кои убаво пеат, Есма Реџепова појасни :
“Во моето време беше чудно некој да се појави со ромска музика. Јас сум прва меѓу тие Роми во светот која ја забележа музиката на својот јазик. Во тоа време беше срамота некој да се појави и да пее така.Уште имаше традиции и предрасуди. Јас бев малку поразлична, родена сум во центарот на градот, во Скопје. Не бев, како велат, во гето, каде живееа сите Роми, туку живеев покрај Македонци и други националности, така да бев многу напредна во некои работи. На мене ми беше важно да станам уметник и да пеам, да станам име и презиме, така да мојот сон стана реалност. Сите мои желби се остварени”, порачува Есма.
-Ромите не крадат милиони
Есма објаснува како го гледа својот народ и неговата иднина,велејќи дека Ромите се космополити, благороден и добар народ.
“Ромите се космополити, благороден и добар народ, никогаш досега немаат окупирано и војувано со некој. Сакаат да живеат заеднички, но доколку некој им пружи рака. Ако некој не ги сака, тие се тргаат на страна, молчат и мирни се како народ. Незнам дали досега сте слушнале некој Ром да украде милиони или нешто големо. Тоа го нема. Тие ако земат нешто, зимаат да се прехранат или да живеат од денес за утре, но никогаш не некои големи пари”, порачува Есма.
Кантавторката родена во 1943 година во Скопје, вели дека Ромите се поразлично одгледани уште од самиот почеток.
“Голи доаѓаме на овој свет и голи си заминуваме од него, ништо нема да однесеме, тоа им е филозофија. Сакаат да живеат во целиот свет, не сакаат да покажуваат лични карти, пасоши и некој да им бара документ. Тоа не го сакаат. Сакаат се да е отворено, затоа што оваа земја е ничија земја. Некој кога вели ‘ова е моја земја’, тоа е катастрофа за мене.
Ние сме пуштени на овој свет, не сум јас крива што сум пуштена во Македонија да се родам. Тоа некој го наредил, некој посакал да се родам таму. Тоа е исто како во една градина во која растат многу цветови да кажеш ‘тука не смееш да растеш’, а цветот и понатаму расте. Е тоа со Ромите е исто. Некој им вели несмееш да живееш тука, а тие и понатаму живеат”, вели Реџепова.
По концертот во Загреб, Есма Реџепова патува во Марибор каде на Светскиот ден на Ромите, 8 април, ќе одржи концерт и ќе учествува на конференција на жените.