Andaç Hongur
02 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Лалето кое некогаш беше симбол на златниот период на Отоманската држава и има многу важно место во митологиите на истокот, повторно го украси градот Истанбул, пишува Anadolu Agency (AA).
Улиците, парковите, градините и плоштадите на овој прекрасен град се украсени со лалиња.
Фестивалот со мотото „Средба на Истанбул со своето лале” започна во 2005 година во организација на Општината на Истанбул, оваа година ги отвори вратите за 11-ти пат од 1-ви до 30-ти април.
Во рамките на овој фестивал на различни историски локалитети низ Истанбул ќе се организираат бројни активности како изложби, симпозиуми и перформанси.
Гостувањето на локални музички групи, презентирањето на калиграфијата како уметност, уметничката техниката Ебру и сликањето на стакло се неколку од многуте активности кои се очекуваат на овој фестивал, на кој ќе има и разни спортски натпревари и натпревар за најдобра фотографија.
Во рамките на овие активности, исто така, ќе се откријат споменици обложени со лалиња, додека на многу плоштади и паркови ќе има места каде што ќе се продаваат лалиња за посетителите.
- Тепих од лалиња на плоштадот пред Сината џамија -
Лалето, симболот на Истанбул, покрај тоа што ги краси улиците, парковите и градините на овој град, ќе биде вметнато и во „тепих”, дизајниран на плоштадот пред Сината џамија. Во него ќе се вметнат 563 илјади лалиња кои на 728 метри квадратни ќе бидат изложени во еден огромен „тепих од лалиња”.
Покрај овие активности во Истанбул ќе се одржат и два турнири, тениски турнири за жени и вториот турнир на фудбал на плажа.
Во рамките на овој фестивал, исто така, ќе се организира и натпревар за најдобра фотографија ''Најубавото Лале".
Инаку, оваа година на сите јавни површини низ градот беа засадени 9 милиони лалиња од 190 различни видови и бои.