Vesna Besiç
02 Април 2016•Ажурирај: 03 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Во градот Чешме во Измир, Турција, подготовките се во тек за изградба на транзитен центар за бегалци кои од Грција треба да се вратат во оваа земја врз основа на финалниот договор помеѓу Европската унија и Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Центарот ќе послужи како транзитен центар во кој ќе бидат опфатени бегалци кои ќе се вратат во Турција од грчкиот остров Хиос.
Според договорот на Европската унија (ЕУ) и Турција во врска со бегалците, на 4-ти април започнува враќањето на мигрантите и бегалците кои преку турска територија влегоа во ЕУ. Во првата фаза ќе бидат вратени околу 500 бегалци, вклучувајќи одреден број на сириски бегалци.
Според дипломатски извори мигрантите кои преку Турција преминале во Грција ќе бидат вратени од островот Лезбос до малото место Дикили, недалеку од турскиот град Измир.
Сириските бегалци ќе се транспортираат по воздушен пат во бегалските кампови во турскиот град Адана.
Откако Грција ќе ја испрати првата група на бегалци во Турција, ЕУ ќе започне да прима азиланти од Турција. Сè додека ЕУ не прими нова група азиланти, нема да биде пуштена нова група од ЕУ за Турција.
Според договорот, бегалците кои пристигнаа на територијата на Грција по 20-ти март имаат право да поднесат барање за азил во Грција. Оние кои не го искористиле тоа право ќе бидат вратени.