Aynur Ekiz
01 Април 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Ние не се исплашивме и нас не може да не заплашат. Ние бевме тука, ние сме тука сега и секогаш ќе бидеме тука, порача премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, говорејќи пред жителите на југоисточниот турски град Дијарбакир, каде вчера во терористички напад загинаа седум турски полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број жители на Дијарбакир, каде поголемиот број на населението е курдско, со воодушевување го пречекаа Давутоглу на еден од плоштадите во градот. Премиерот во своето обраќање се осврна на терористичкиот напад од вчера.
"Вчера тука извршија напад.Тие мислеа дека премиерот Ахмет Давутоглу и Ахмет од Дијарбекир ќе се исплашат по нападот. Тие мислеа дека ќе се исплашиме да дојдеме во овој град", рече Давутоглу.
Турскиот премиер, кој е роден во градот Коња, во своето обраќање до жителите на Дијарбaкир, исто така, рече:
"Вие добро не познавате, а исто така и ние ве познаваме вас. Бог ни е сведок, колку Коња ќе биде безбеден град, исто како што ќе биде безбеден и Дијарбакир. Тие мислеа дека ќе се исплашиме. Како што реков во парламентот, порачувам и во овој град. Ние не се плашевме, не се плашиме и нема да се плашиме. Ако Бог ми ја земе душата, јас се молам да ми ја земе овој момент, додека сум со вас. Но, нема да не натераат да направиме чекор назад", рече Давутоглу.
На крајот, тој додаде дека државата ќе поправи и обнови се што уништиле терористите.
"Ако тие уриваат, ние ќе градиме. Ако тие палат, ние ќе се изградиме многу поубаво. Ако тие сакаат да го нарушат нашето братство, сите гласно ќе им кажеме "Ние сме браќа засекогаш", порача Давутоглу од Дијарбакир.