Mümin Altaş
01 Април 2016•Ажурирај: 01 Април 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давотоглу денес пристигна во југоисточниот турски град Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број граѓани на Дијарбекир, град кој што се наоѓа во југоисточниот дел на Турција со мнозинство курдско население, по улиците го поздравија премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу.
Ахмет Давутоглу го посети Дијарбакир откако синоќа во градот беше извршен терористички напад, во кој загинаа шестмина турски полицајци.
Давутоглу денеска ќе присуствува на комеморацијата за седумте полицајци убиени во терористички напад вчера. Во придружба на Давутоглу е вицепремиерот Нуман Kуртулмуш и голем број на министри.