Турција, наука и технологија

Турскa и аргентинскa компанија со стратешка соработка за производство и пласман на хеликоптери

„Оваа соработка со „Титра“ ќе создаде нови можности и за компаниите и за земјите. Овој договор ќе биде почеток на заеднички пат за раст на двете компании и зајакнување на нивните технологии...“

Göksel Yıldırım  | 11.05.2022 - Обновена : 12.05.2022
Турскa и аргентинскa компанија со стратешка соработка за производство и пласман на хеликоптери

АНКАРА (АА) - Откако беше пионер на првиот беспилотен хеликоптер на Турција, „Алпин“, турската компанија „Титра технолоџи“ го зајакна своето присуство и во цивилната авијација и во беспилотните летала со склучување договор за стратешка соработка со „Сикаре“, една од водечките светски компании за производство на хеликоптери, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Титра технолоџи“, која работи на полето на беспилотни системи, технологија за здравствена заштита и паметни градови, има за цел да продава хеликоптери „Сикаре“ во Турција и други земји во регионот, да обезбеди овластена сервисна поддршка, да има заедничко производство и да ги користи овие хеликоптери во своите воздухопловни проекти.

„Сикаре“, една од најдобро етаблираните воздухопловни компании во Аргентина и Латинска Америка, со своето над 60-годишно искуство има за цел да го зголеми својот удел на пазарот во Турција, централноазиските туркиски републики, Блискиот Исток и Северна Африка, благодарение на својата стратешка соработка со „Титра“ и со помош на нејзиното искуство да влезе во нови полиња со помош на искуството на „Титра технолоџи“.

- Производство на клучни делови во Турција -

Хуан Сикаре, извршниот директор на „Сикаре“, изјави: „Оваа соработка со „Титра“ ќе создаде нови можности и за компаниите и за земјите. Овој договор ќе биде почеток на заеднички пат за раст на двете компании и зајакнување на нивните технологии, со цел производство на важни делови од нашиот ултралесен авион во Турција.“

Давут Јилмаз, извршниот директор на „Титра“, истакна: „Ние ќе бидеме дистрибутер и овластен сервисен центар на хеликоптерите „Сикаре“ и ќе се погрижиме клучните делови од овие хеликоптери да се произведуваат локално во иднина.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.