Kenan Irtak
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
ИСТАНБУЛ (АА) – Либиската авиокомпанија „Берник ервејс“ на 8 мај започна со летови меѓу Истанбул и главното либиско пристаниште Бенгази, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со ова бројот на авиокомпаниите кои го користат Аеродромот „Истанбул“ во Турција е зголемен на 84.
„Берник ервејс“, со седиште во Бенгази, ќе врши летови меѓу либискиот град и турската престолнина двапати неделно.
Аеродромот „Истанбул“ беше домаќин на 26,5 милиони патници минатата година, што го прави вториот најфреквентен аеродром во светот, според податоците на Меѓународниот совет на аеродроми.