Müzahim Zahit Tüzün
02 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
КАЈСЕРИ (АА) - Емин Сарикаја (79), жител на турскиот град Kaјсери, по трет пат добива покана за отслужување на воениот рок, јавува Anadolu Agency (AA).
Сарикаја, кој влегува во осмата деценија од својот живот, во интервју за АА раскажа многу интересна приказна.
Тој вели дека служел војска во периодот помеѓу 1957 и 1959 година во турскиот град Ерзурум, кога воениот рок во Турција се служел две години.
Но, и покрај тоа што од исполнувањето на својата "патриотска обврска" поминало повеќе од половина век, пред две години на неговата адреса стигнало писмо кое вели дека Сарикаја сака да ја избегне воената служба.
„Оттогаш поминаа две години и јас пред неколку дена по трет пат бев поканет да го отслужам воениот рок”, рече Сарикаја, кој има шест деца и 11 внуци.
Според него, официјалната национална статистика не го регистрирала дека го отслужил воениот рок. Но, проблемот е во тоа што тој не може да докаже поинаку.
„По отслужувањето на воениот рок во 1959 година, се вратив дома. Тоа беше во февруари. Во последните две години, два пати бев повикан во војска”, рече Сарикаја, додавајќи дека „Ако е потребно, ќе го отслужам уште еднаш воениот рок, само да ме држи здравјето. Јас сум подготвен да направам сè за мојата земја”.