Ekipa
02 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ЛОНДОН (АА) - Едно од најпознатите светски списанија што објавува вести за славни личности, "Hello!", му се извини на актерот Џорџ Клуни за објавување на интервју за кое ѕвездата тврди дека е "целосно измислено" и дека тоа интервју никогаш не го ни дал, јавува Anadolu Agency (AA).
Цитатите од спорното интервју во кое актерот наводно зборува за својот брак со адвокатката Амал Клуни - ги пренесоа и медиумите низ целиот свет.
"Јас не сум дал интервју за "Hello" и цитатите кои ми се припишуваат на мене, не се точни", изјави Клуни.
"Heloo!" соопшти дека го купил интервјуто поради добрата волја на една позната агенција. Списанието преку соопштение во петокот му се извини Клуни и неговата сопруга Амал за непријатностите, предизвикани со објавувањето на интервјуто.