Ekipa
23 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Актерот Џорџ Клуни, и покрај фактот што последната година не сними ниту еден филм, се наоѓа на врвот на листата на „Форбс“ на најплатени актери во 2018 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со заработка од 233 милиони долари, која главно ја доби од продажба на текила, Клуни е најплатен актер во оваа година. Од реклами и стари филмови има заработено околу 6 милиони долари.
На второ место е Двејн Џонсон, со заработка од 124 милиони долари, а трет, Роберт Дауни Џуниор, со 79 милиони.
На четврто место, со заработка од 64,5 милиони долари, се наоѓа Крис Хемсворт.
По него следува Џеки Чен, со заработка од 45,5 милиони долари.