Mutlu Demirtaştan
07 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед го зазеде врвот на скалилото на најбогати фудбалски клубови, јавува Anadolu Agency (AA).
Според истражувањето на списанието „Forbes“ (Форбс), Манчестер Јунајтед достигна вредност од 3.69 милијарди долари и со тоа го симна од тронот Реал Мадрид, кој сега со 3.58 милијарди долари се наоѓа на третото место.
На Манчестер Јунајтед ова му е првпат во последните пет години да се качи на врвот, а го следи шпанскиот клуб Барселона со 3,64 милијарди долари.
Тотенхем и Јувентус за првпат ѝ се приклучија на листата.