Emre Gürkan Abay
24 Ноември 2016•Ажурирај: 25 Ноември 2016
МОСКВА (АА) - Економското списание „Форбс“ си објави имињата на најплатените руски функционери, јавува Anadolu Agency (AA).
Списанието „Форбс“ оваа година по петти пат ја објави листата „25 најплатени руски функционери“.
Според листата, на прво место се наоѓа претседателот на Извршниот комитет на најголемата компанија за гасовод во светот, „Газпром“, Алексеј Милер, кој минатата година имал добивка од 17,7 милиони долари. Во 2014 година, Милер имал добивка од 27 милиони долари, што значи дека има значен пад во добивката.
Втор на листата со 13 милиони долари се наоѓа Игор Сечин, главен менаџер на „Роснефт“, најголема нафтена компанија во земјата. По претседателот Владимир Путин, Сечин се смета за една од личностите со најголемо политичко влијание.
Герман Греф, сопственик на најголемата банка во Русија, „Сбербанк“,се наоѓа на третото место на листата. Тој во 2015 година имал добивка од 11 милиони долари.
Според списанието, во 2012 година, вкупниот износ на добивката на 25-те најплатени луѓе во Русија изнесувал 1,9 милијарди долари. Но поради рецесијата што ја зафати земјата и поради намалувањето на платите и приходите, оваа бројка се намали на 900 милиони долари.