Ata Ufuk Şeker,Yusuf Hatip
07 Март 2019•Ажурирај: 09 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Земјите членки на ЕУ одбија да ја прифатат црната листа која ја подготви Европската комисија (ЕК), на која се наоѓаат 23 земји, вклучувајќи ја и Саудиска Арабија, поради непочитувањето на стандардите во борбата против финансирањето на тероризмот и перењето пари, јавува Anadolu Agency (AA).
Советот на Европската Унија соопшти дека земјите на ЕУ споменатата листа одбиле да ја прифатат од причини што „не е подготвена транспарентно и на соодветен начин“.
Европската комисија на средината на февруари објави ажуриран попис со 23 земји кои беа безуспешни и водеа неадекватна борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Освен Саудиска Арабија, на листата се најдоа Авганистан, Самоа, Бахамите, Боцвана, Северна Кореја, Етиопија, Гана, Гуам, Иран, Ирак, Либија, Нигерија, Пакистан, Панама, Порторико, Самоа, Саудиска Арабија, Шри Ланка, Сирија, Тринидад и Тобаго, Тунис, Американските Девствени Острови и Јемен.
Од ЕУ претходно е истакнато дека Саудиска Арабија е една од земјите кои имаат стратешки недостатоци во борбата против перењето пари и сузбивањето на финансирањето на терористичките режими кои претставуваат значајна закана за финансискиот систем на Унијата.
Од Европската комисија во наредниот период се очекува да направи нов предлог на листата.